Top Sport

Бартомеу: Веќе имаме 7 нови играчи за следната сезона

Претседателот на Барселона, Жозеп Бартомеу во интервју за шпански „Мундо Депортиво“ рече дека Меси сигурно ќе го продолжи договорот со Каталонците, а за Тер Штеген вели дека сигурно е во топ 3 на таа позиција во светот.

„Не зборувам овде само за неговите голмански квалитети, туку и за неговата личност. Сјаен е, еден од тројцата најдобри голмани во светот, а има само 28 години“ – вели Бартомеу.

Што се однесува за Нејмар, претседателот на Барса вели дека тешко дека може да се направи нешто без размена на играчи затоа што се во таква финансиска позиција. Рече и дека моментно се прекинати преговорите со Интер, за услугите на Лаутаро Мартинез.

„Веќе имаме 7 нови играчи. Тука е Педри, млад играч со неверојатен талент. Тринкао е непознат, го доведовме во јануари и веќе е најдобар У-21 играч во Европа. Потоа ги имаме Матеус Фернандез, Миралем Пјаниќ, а покрај нив уште тројца млади играчи ќе станат дел од првиот тим – Араухо, Рико Пуиг и Ансу Фати“ – рече Бартомеу.

Scroll to Top