Top Sport

Бартомеу за Валверде: Работите ќе ги решаваме интерно

Претседателот на Барселона, Џозеп Марија Бартомеу, по шокантната елиминација на неговиот тим од Ливерпул, рекол дека клупските челници нема да носат избрзани одлуки, не сакајќи да говори околу иднината на тренерот Ернесто Валверде.

Барселона, синоќа во Ливерпул, доживеа фијаско, не успеа да ја сочува предноста од 3.0 по првиот меч и со поразот 4:0 го заврши учеството во Лигата на шампионите. Нешто слично на Барселона ѝ се случи лани во четврт-финалето против Рома.

„Впечатоците се уште се свежи. Пред нас се тешки денови. Мораме да се издигнеме поради финалето во Купот на Каралот. Ќе имаме доволно време да размислиме за она што ќе се случи. Минатата година истото ни се случи во Рим. Тешко е да се објасни ова. Работите ќе ги решаваме внатре во клубот“, рекол Бартомеу.

До крајот на сезоната играчите на Барселона ќе одиграат уште два натпревари во Ла Лига, каде веќе ја обезбедија титулата, а пред нив е и финалето во Купот против Валенсија, на 25 мај.

Scroll to Top