Откако актуелните светски шампиони, Германија остварија само една победа во последните пет натпревари (и тоа 2:1 против Саудиска Арабија), се појавија многу сомнежи дали „маншафт“ е способен да ја освои титулата.
Покрај победата над Саудијците, Германија загуби од Бразил и Австрија и одигра нерешено со Франција и Шпанија, а проблемите надвор од теренот се зголемија откако Илкај Гундоган и Месут Озил се фотографираа со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Ова налути многу во Германија, како Марио Баслер, легендата на германската репрезентација, кој смета дека положбата на Озил во германската репрезентација не треба да биде стабилна.
„Озил е преценет. Дури и да има уште 100 меча за репрезентацијата. Тој е само некој кој ги следи другите. Тој има неверојатни квалитети, тоа е јасно, но во големите натпревари не го покажува тоа. Ако Гундоган и Озил не се добри во првиот натпревар, Јоаким Лев мора да реагира. Треба да ги замени бидејќи во спротивност го става на коцка цело првенство“, вели Баслер.
Германците се во група со Мексико, Шведска и Јужна Кореја.