Top Sport

Баста го обвинува Тен Хаг дека му ја уништил кариерата: Тој е диктатор!

Рикардо Баста, поранешниот јуниор на Баерн Минхен, го нарече менаџерот на Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг „диктатор“, обвинувајќи го за тоа што не добил вистинска шанса кај Баварците.

Баста беше јуниор на Баерн од 2014 до 2017 година, но си замина без ниту еден сениорски настап, и работеше со Тен Хаг во неговата прва година кај Баварците. 28-годишниот Баста, кој сега игра за Гархинг во Оберлигата (петтата лига), вели дека Холанѓанецот го чинел трансфер.

„Лично, немав никаква врска со Тен Хаг. Тој се однесува речиси како диктатор. Има план кој мора да се следи, и било кое застранување се казнува. Секое дете сонува да биде професионален фудбалер и бев многу блиску до тој сон во Баерн. Но, ме излажаа. По првото продолжување на договорот, ми кажаа дека планираат на мене, но тоа не се случи. Требаше да ме дадат барем на позајмица“, вели Баста во интервју за „Спорт 1“.

Scroll to Top