Фудбалерите на Атлетик Билабо и Алавес одиграа нерешено 1:1 во 35 коло, во Ла Лига. Атлетик успеа од својот противник да ја одбрани седмата позиција која му гарантира пласман во Лига Европа.
Баскоското дерби беше решено во финишот на првото полувреме, во последните пет минути кога головите ги постигнаа Хуан Бењат и Борха Бастон.
Најпрвин Бењат во 41 минута изведе слободен удар од 25 метри и успеа да го совлада Пачеко. Четири минути подоцна предноста на Атлетик ја поништи Бастон.
Во вториот дел Мубарак Вакасо ја имаше најдобрата шанса за Алавес, меѓутоа фудбалерот од Гана два пати беше непрецизен.