Диего Пероти ги „честеше“ фудбалерите на Рома аргентинска скара, додека неговиот легендарен сонародник Габриел Батистута вети дека тој ќе готви ако „волчицата“ го мине Ливерпул и се пласира во финалето на Лигата на шампионите.
Рома во 2:1 ја совлада Џенова во средата и почна со подготовките за Ливерпул во првиот меч во вторник со пауза во тренинг-центарот во Тригорија и напаѓачот Пероти, кој е подолго време отсутен поради повреда, реши да ги почести колегите.
Специјалитетот беше „асадо“, или аргентинска скара, по што неколку фудбалери, вклучувајќи го Раџа Наинголан се пофалија на Инстаграм. Ова го забележа поранешниот голгетер на Рома, Батистута кој веднаш му прати порака на Пероти.
„Ако Рома влезе во финалето доаѓам во Тригорија и ќе готвам за целиот тим“, напиша Батистута.