Легендарниот аргентински напаѓач Габриел Батистута своите најдобри години ги посвети на Фиорентина и покрај понудите од „поголемите“ клубови како Манчестер јунајтед, Реал Мадрид и Милан и вели дека воопшто не жали што направил така.
„Никогаш не сум сакал да бидам ѕвезда. Едноставно, не уживав во тоа, бидејќи кога си ѕвезда тогаш сите те следат и чувствуваш поголема одговорност. Да, точно е, доаѓаа и Јунајтед и Реал и Милан. Но, мене повеќе ми се допаѓаше Фиорентина. Да отидев во Мадрид ќе дадев 200 голови и ќе беше многу досадно“, вели Батистута.
По девет години на „Артемио Франки“, тој премина во Рома, со која освои титула од Серија А во 2001 година.
„Да, не освоив голем трофеј како Лигата на шампионите, но тоа не значи ништо. Помогнав Фиорентина да игра со најдобрите клубови и тоа е голема работа“, вели 50-годишниот „Бати-гол“.
За тие кои не се доволно стари за да го гледале Батистута во акција, еве една убава компилација.