Легендата на Фиорентина, Габриел Батистута признава дека конечно постигнал многу помалку од тоа што можел во Серија А, и додава дека заслужувал повеќе од една титула.
50-годишниот Аргентинец играше во Серија А од 1991 до 2003 година и беше сметан за еден од најдобрите напаѓачи на светот. Од 1991 до 2000 тој беше во Виола, пред да направи трансфер во Рома, каде што ја освои единствената титула.
„Мојата цела кариера беше фокусирана на обидот да се освои титулата со Фиорентина. Не успеав, но го дадов максимумот. Кога сфатив дека дадов сè, решив да се обидам со друг клуб, каде што освоив титула. Да бидам искрен, мислам дека ја заслужував титулата. Многу се жртвував за да стигнам таму, да станам шампион еднаш“, вели Батигол.
Тој имаше 20 гола во Серија А во 2000/01, кога во првата сезона на „Олимпико“ ја освои титулата.