Top Sport

„Бато Пандев“ му честиташе на Елмас

Елиф Елмас со Наполи синоќа и официјално стана италијански шампион во сезоната 2022/2023. Наполи на пет кола до крајот има недостижхи 16 поени во однос на Лацио.

Елмас игра одлично оваа сезона, настапи на 31 натпревар, постигна шест гола. Македонскиот репрезентативец е трет стрелец во шампионската екипа.

Елиф Елмас е вториот македонски фудбалер со титула во Серија А. Претходно шампион на Италија со Интер, пред 13 години, стана легендарниот Горан Пандев.

Елмас никогаш не криел дека Пандев му е идол, дека тој за него е како постар брат.

Пандев на социјалните мрежи му ја честиташе титулата во Серија А на „помладиот брат“.
„Секоја чест бато, да се множат“, напиша Пандев на „Инстаграм“.

Scroll to Top