Напаѓачот на Борусија Дортмунд Миши Батшуаи ги обвини навивачите на Аталанта за расизам. Борусија синоќа гостуваше во Бергамо, натпреварот заврши 1-1 и благодарение на победата во првиот натпревар 3-2, германскиот тим се пласира во осминафиналето во Лига Европа.
„Сега сме 2018 година, а на трибините се уште се слушаат расиситички скандирања и мајмунски крици…дали е тоа можно? Се надевам дека ќе уживате во натпреварите во Лига Европа покрај вашите телевизори, бидејќи ние одиме во наредната фаза“, рекол репрезентативецот на Белгија.
Претседателот на Аталанта Антонио Персаки информациите за инцидентот со батшуаи ги добил во моментот кога давал изјава за „Скај Спорт Италија“.
„Да бидам искрен, не слушнав нешто такво. Тажно е доколку тоа се случило. Доколку било така тогаш Батшуаи заслужува извинување. Такви работи не треба да се случуваат“, рекол Перкаси.
Аталанта пред четири години беше парично казнета кога со банани фрлаа по играчите на Милан за време на натпревар во Серија А.