Top Sport

Батшуаи ја „грееше“ клупата… Буквално

Англиските фанови се познати по тоа што се лутат на фудбалерите што носат ракавици во текот на натпреварите (бидејќи, нели, никогаш не е ладно во Англија), така што фотографијата на која Мичи Батшуаи се грее на клупата предизвика микс на смеа и резигнација.

Белгискиот напаѓач на Челси, кој не доби шанса во незгодниот пораз од 1:0 од Вест Хем, беше „фатен“ како облечен со волнена капа, ракавици, огромна јакна со термофор си го грее лицето.

Scroll to Top