Белгискиот напаѓач на Челси, Мичи Батшуаи е пред трансфер во Бешикташ, тврди порталот „Гол“. Батшуаи ќе замине за Истанбул на позајмица, но турскиот клуб ќе има шанса да го купи за сума од 5 до 10 милиони фунти.
Пред да го пратат во Бешикташ, Челси ќе го продолжат неговиот договор на уште една година за да не дојдат во ситуација следното лето да си замине како слободен играч.
27-годишниот Батшуаи четири пати беше позајмен откако дојде во Челси во 2016, двапати во Кристал палас и по еднаш во Борусија Дортмунд и Валенсија. Тој има одиграно 77 меча за Челси и постигнато 25 голови, а во 2016/17 ја освои и Премиер лигата со клубот.