Top Sport

Батшуаи повторно во Кристал Палас

Миши Батшуаи (26) сезоната која е пред нас ќе ја мине во Кристал Палас. Клубот од Лондон по завршувањето на сезоната ќе има можност да го откупи неговиот договор од Челси.

Батшуаи дел од минатата сезона мина како позајмен играч во Кристал Палас, одигра 11 натпревари и постигна пет гола.

Белгиецот е играч на Челси од 2016 година, меѓутоа за „сините“ настапил на само 48 натпревари. Мандатот на „Стенфорд Бриџ“ го минува на позајмици во други клубови (Борусија Дортмунд, Валенсија, Кристал Палас).

Scroll to Top