Top Sport

Батшуаи се врати во Кристал палас!

Белгискиот репрезентативец Мичи Батшуаи останува во Кристал палас и следната сезона како позајмен фудбалер од Челси, во обид повторно да импресионира во Премиер лигата.

26-годишниот Батшуаи беше позајмен на Палас во втората половина на минатата сезона, постигнувајќи шест гола во 13 меча, откако на „Стемфорд бриџ“ не успеа да се наметне во првиот тим.

„Се чувствувам дека сум како дома, така што тоа е добро. Потребна ми е добра сезона, со моите соиграчи и сакам да го дадам мојот максимум. Ги знам играчите, го знам тренерот и ова беше најдобрата одлука. Да почнеме со работа“, изјави Батшуаи.

Тој е второ големо засилување за лондонскиот клуб ова лето, откако го добија талентираниот млад Еберечи Езе од Квинс парк ренџерс.

Scroll to Top