Саудиска Арабија го отпушти селекторот Едгардо Бауза, со што Аргентинецот го доби третиот отказ од селекторска позиција во само шест месеци
Бауза го замени Берт ван Марвајк во септември и беше тренер на тимот во само пет пријателски меча – две победи и три порази. Саудиска Арабија се имаше квалификувано за СП во Русија пред именувањето на Бауза, и сега се во потрага по тренер кој ќе ги води на првиот Мундијал од 2006 година.
„Одлуката е во интерес на националниот тим и само ги покажува големите очекувања од тимот“, се вели во соопштението на федерацијата.
Неверојатно, Бауза третпат во последните шест месеци добива отказ. Поранешниот тренер на Росарио Сентрал, Лига де Кито и Сан Лоренцо, прво беше отпуштен како аргентински селектор откако беше именуван за наследник на Херардо Мартино. Потоа тој се повлече од позицијата селектор на Обединетите Арапски Емирати по неуспехот да се квалификува за Русија, пред уште пократката „авантура“ во Саудиска Арабија.