Екипата на Баерн Минхен забележа победа во рамките на 19.коло во Бундеслигата. Баварците со 4:2 победија против Вердер.
Иако резултатот тоа не го покажува шампионот се намачи за да ги освои бодовите против 16.пласираниот тим на табелата.
Вердер го отвори резултатот на „Алијанц“ арена во 25.минута преку Гондорф, потоа Милер израмни во 41.минута, апредност на Баерн му донесе Левандовски во 63.минута.
Гостите израмнија преку Шуле во 74.минута, но само три минути подоцна предноста на Баерн му ја врати Левандовски, а конечните 4:2 ги постави Милер со својот втор гол во 84.минута.
Баерн ја предводи табелата со 47 бода, 16 повеќе од Баер Леверкузен и Лајпциг, додека Вердер е 16. со исто толку бодови.