Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, истакнал дека искусните дефанзивци Леонардо Бонучи, Џорџо Кјелини и Андреа Барзаљи ќе бидат подготвени за натпреварот во Лигата на шампионите против Атлетико во Мадрид.
Популарното трио „ББЦ“, како што ги информирал новинарите Алегри тренира со полн интензитет, единствен на кого не може да смета е Хуан Квадрадо.
„Еве ви добар наслов – ББЦ триото повторно е на располагање. Наредната недела ќе тренираат со полн интензитет. Барзаљи нема да игра в петок против Фрозиноне. Ќе бидат подготвени за Атлетико“, рекол Алегри.
„Речи сме комплетни тука се сите, го нема само Квадрадо. Против Сасуоло би можеле да играат Матија Де Шиљо, Мартин Касерес, Даниеле Ругани и Алекс Сандро“.
Јувентус ќе му гостува на Атлетико на 20 февруари во првиот осмина-финален натпревар во Лигата на шампионите. Реваншот во Торино е закажан за 12 март.
До натпреварот во Мадрид, Јувентус в недела ќе игра против Сасуоло, а наредниот петок со Фрозиноне.