Top Sport

Бејл: Играм, но не сум среќен во Реал

Фудбалерот на Реал Герет Бејл се наоѓа во татковината каде се подготвува за квалификациските натпревари против Азербејџан и Белорусија. За домашните медиуми тој проговорил за својот статус во клубот и желбата да го напушти „Сантијаго Бернабеу“ во штотуку завршениот преоден рок.

Името на Герет Бејл беше прво на листата играчи што требаа да го напуштат Реал. Велшанецот беше блиску до трансфер во Кина, но во последен момент клубот го откажа трансферот.

„Беше тешко на крајот од сезоната, не само за мене туку и за целиот тим. Не можам да кажам дека играм среќен, но барем играм. Кога играм јас сум професионалец, давам се од себе, не е важно дали играм за клубот или за државата. Ќе има уште многу турбуленции. Претпоставувам дека се ова работи за кои прашања треба да поставите во Реал“, рекол Бејл.

Велшанецот минатата недела со два гола го спаси Реал од пораз кај Вилјареал (2-2), иако тој меч не го заврши поради два жолти картони.

Scroll to Top