Top Sport

Бејл им е лут на соиграчите

Шпанските медиуми тврдат дека Герет Бејл не е во добри односи со соиграчите и со тренерот Сантијаго Солари. Незадоволството го покажа синоќа на натпреварот со Леванте (2:1), кога не само што не го прослави голот што го постигна од пенал, туку и не им дозволи на соиграчите да им честитаат.

Велшанецот на теренот влезе во 74 минута, а четири минути подоцна погоди од „белата точка“. Забележителен беше моментот кога ја оттурна раката на Лукас Васкез, кој тргна да му честита.

Бејл му бил лут на Солари бидејќи немал место во стартниот состав, а на соиграчите им е лут за неодамнешните коментари во јавноста. Се мисли на она што за него го рекле голманот Тибо Куртоа и Марсело.

Куртоа открил дека во клубот Бејл бил познат под прекарот „голфер“, бидејќи целото слободно време го користел за да игра голф. Исто така голманот открил Велшанецот редовно ги пропушта тимските вечери бидејќи рано си легнувал.

Марсело пак на новинарите им открил дека Бејл за шест години од шпанскиот јазик научил само неколку зборови.

Scroll to Top