Top Sport

Бејл имал само уште две опции

Герет Бејл не е во плановите на Зинедин Зидан за наредната сезона. Тој може да си оди, но никој не сака да плаќа 17 милиони евра годишно. Велшанецот поради тоа не е многу загрижен бидејќи неговиот договор со Реал е цврст.

Шпанските медиуми вечерва објавија дека за Бејл се појавиле две опции и двете во Англија. Наводно Тотенхем и Манчестер Јунајтед се заинтересирани за Бејл.

Јунајтед биле подготвени да му понудат подобри услови, доколку се случи Бејл да биде дел од трансферот на Пол Погба во Реал.

И Тотенхем се интересирале за својот поранешен играч, но само доколку Бејл се согласи на помала плата.

Scroll to Top