Реал Мадрид стравуваат дека Тотенхем ќе им го вратат Герет Бејл, поради што ќе мора драстично да ги менуваат плановите за преодниот рок.
Реал, минатото лето, не трошеа на засилувања, а успеаја да заштедат и со намалувањето на платите на фудбалерите. Планот е тие пари да бидат инвестирани во младите ѕвезди Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд.
Сепак доколку Бејл се врати во Мадрид, нема да можат да го реализираат планираното.
Причината е платата на Бејл. Велшанецот со Реал има договор до јуни 2022 година и неделна плата од 715.000 евра.
Бејл засега не ги исполни очекувањата во Тотенхем, има одиграно 11 натпревари, во сите натпреварувања, постигнал три гола.