Top Sport

Бејл посветен на семејството и голфот – ја одби понудата да се врати со Рексам

Велшката фудбалска легенда Герет Бејл ја одби понудата да се врати од пензија и да игра за Рексам следната сезона, и покрај тоа што ко-сопствениците на клубот, холивудските ѕвезди Рајан Рејнолдс и Роб Мекелнени лично го побараа тоа од него.

Рексам минатата недела се пласираше во Англиската фудбалска лига, односно во четвртата англиска лига, а откако Бејл му честиташе на велшкиот клуб, Мекелнени му порача дека на голф ќе го убедува да се врати на теренот.

„Ајде да играме голф, каде што нема да потрошам четири часа да те убедувам да се вратиш на фудбалот за една последна магична сезона“, напиша Мекелнени.

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, останува на своето.

„Не, не мислам дека тоа ќе се случи. Мислам дека повеќе сакам само голф со Роб. Сигурен сум дека ќе зборуваме и ќе се шегуваме, но среќен сум каде што сум, поминувајќи многу време со моите деца, мојата сопруга, време кое го немав кога бев посветен на фудбалот. Уживам во семејниот живот и голфот“, вели Бејл.

Scroll to Top