Top Sport

Бејл предложил Реал да го купи Арон Рамзи

Герет Бејл, од кого во Реал очекуваат да го надомести заминувањето на Кристијано Роналдо, сака да го види својот добар пријател, Арон Рамзи, во дресот на „кралскиот клуб“.

Договорот на Рамзи со Арсенал истекува по завршувањето на сезоната, а Велшанецот не успеа да се договори со клубот да потпише нов. Поради тоа се очекува Арсенал да го продаде во јануарскиот преоден рок, кога е може да заработи нешто од неговиот трансфер.

Бејл, наводно му предложил на Флорентино Перез, да го купи неговиот колега од репрезентацијата, бидејќи поседувал квалитет да настапува во Реал.

Навивачите на Реал не воодушевени од овој предлог, според нив на Реал му е потребна вистинска ѕвезда, а не Рамзи.

Scroll to Top