Герет Бејл сакал да се врати во Реал Мадрид, откако ќе му заврши позајмицата во Тотенхем. Велшанецот не бил задоволен како поминува неговиот престој во Тотенхем и по завршувањето на сезоната сака да се врати во Мадрид и да ја одработи последната година од договорот што го има со Реал.
Бејл, барем засега не се наоѓа во плановите на Жозе Мурињо. Португалецот нема причини да менува нешто во тимот, кој заедно со Ливерпул е лидер во Премиер лигата.
Истото на Бејл му се случуваше и во последните две години во Реал и според медиумите, тој со задоволство би се вратил на „Сантијаго Бернабеу“.
Исто така, Бејл, бил сигурен дека Зинедин Зидан наредната сезона нема да биде во Реал и дека кај тренерот што ќе го наследи ќе ја добие вистинската шанса.