Top Sport

Бејл, секако, останува во Реал, потврди Зидан

Откако не успеаја да најдат купувач за велшкиот напаѓач, Реал Мадрид ќе го заддржат Герет Бејл, потврди тренерот Зинедин Зидан, што е целосно спротивно на неговите неодамнешни изјави.

По шест сезони на „Сантијаго Бернабеу“ и четири титули од Лигата на шампионите, изгледаше дека работата е завршена за Бејл, откако во финишот на сезоната 2018/19 Зидан воопшто не му даваше шанса, а желбата за продажба беше исто толку голема колку одбивањето на Бејл да си замине од богатиот договор.

И покрај тоа што самиот Зидан ветуваше дека Бејл нема да биде во неговите планови, тој беше во првиот тим на „кралевите“ во саботата на местото на повредениот Еден Азар и асистираше на првиот гол на Карим Бензема против Селта за 3:1 победа.

„Тој ќе остане и сега мораме да се фокусираме само на сезоната. Повредата на Азар е несреќа, но тоа не го смени местото на Бејл за овој натпревар. Герет, Хамес Родригез и сите други фудбалери ќе мораат да играат и да го бранат овој дрес“, изјави Зидан.

Со него се согласува и бразилскиот дефанзивец Касемиро, кој посочи дека Бејл едноставно „мора да игра“.

„Тој ни донесе титули, постигнуваше голови во финалиња и кај фудбалерите има голема почит кон него. Мора да игра. Се работи за голем фудбалер кој е важен за нас“, изјави Касемиро.

Селта во Виго ја почувствува силата на „Кралот“ (видео)

Scroll to Top