Top Sport

Бејл: Секогаш бев во добри односи со Роналдо

Герет Бејл ги демантира наводите дека не бил во добри односи со Кристијано Роналдо, во периодот додека заедно играче во Реал Мадрид. Велшанецот се потсетил на својот прв меч во Мадрид и на својот идол од детството.

„Кристијано е неверојатен играч. Уживав додека играв со него. Медиумите секогаш сакаа да направат проблеми и кога немаше причина за нешто такво. Добро се согласувавме“, рекол Бејл.

Бејл во 2013 година за 101 милиони евра од Тотенхем се пресели во Реал Мадрид. Тогаш тој трансфер беше рекорден во светот на фудбалот.

„Се уште се сеќавам на својот прв меч на „Сантијаго Бернабеу“. Имаше 40 или 50.000 луѓе и си помислив: „О мој Боже“. Беше неверојатно, бев среќен што се најдов тука, бидејќи долго траеше реализацијата на трансферот“.

Бејл се потсетил и на детството и рекол дека ги сакал Денис Беркамп и Тиери Анри.

„Често го гледав Арсенал, имаа одличен тим. Рајан Гигс исто така имаше големо влијание врз мене, беше мојот идол. Сакав да бидам како него. Уживење беше додека играше“, истакнал Бејл.

Герет Бејл оваа сезона не е во вистинската форма, има постигнато 14 гола на 35 натпревари, а се шпекулира дека ќе го напушти Реал. Тој е проценет на 70 милиони евра.

Scroll to Top