Герет Бејл не го напушти Реал Мадрид во летниот преоден рок, но како што пишува „Дон Балон“ тоа може да се случи во јануари. Според овој извор првиот човек на клубот Флорентино Перез ќе прифател понуда од 70 милиони фунти, доколку Велшанецот и понатаму има желба да замине од Мадрид.
„Дон Балон“ тврдат дека серизен интерес за Бејл имало кај Манчестер Јунајтед. Бејл со „црвените ѓаволи“ се поврзуваше и во 2013 година, кога тој реши да ја прифати понудата од Реал Мадрид.
Велшанецот, иако по сите несогласувања со Зинедин Зидан има место во стартната постава на Реал тврди дека не е среќен во Мадрид, веројатно ќе ја прифати понудата таа биде испратена од „Олд Трафорд“.
Бејл, во финишот на предниот рок се наоѓаше пред трансфер во Кина, но во последен момент клубот не дозволи тој да замине.
Крилниот напаѓач би бил засилување за тимот на Оле Гунар Солскјер, кој во нападот покрај Маркус Рашфорд ги има Ентони Марсијал, Мејсон Гринвуд и Даниел Џејмс.