Top Sport

Бејл со провокација до навивачите (Фото)

Герет Бејл одамна не во љубов со навивачите на Реал Мадрид. Велшанецот ја користи секоја прилика за да да испрати провокации.

Позната е страста што Бејл ја има кон голфот. Секој слободен момент го користи за да игра голф на својот имот во Мадрид. Медиумите тврдат дека честите повреди поради кои отсуствува од тимот се последица на играњето голф.

Навивачите имаа замерки и на неговиот однос кон клубот, на што тој пред неколку месеци испрати порака: „Велс, голф, Мадрид“.

Прашање е како Шпанците ќе реагирата на најновата фотографија. Фудбалерите на Реал направија групна фотка пред ре-стартот на сезоната, на која Велшанецот е во голф-поза.

Scroll to Top