Герет Бејл во текот на денот треба да ги заврши сите формалности околу враќањето во Тотенхем. Некогаш најскапиот фудбалер во светот една сезона ќе игра во Тотенхем како позајмен играч. Заедно со него во Тотенхем ќе пристигне и левиот бек Серхио Регуилон чии трансфер изнесува 30.000.000 евра.
Англиските медуми најавуваат дека Бејл за Тотенхем би можел да дебитира наредниот четврток, кога во рамките на третото квалификациско коло во Лига Европа Тотенхем ќе гостува кај Шкендија.
Исто така се очекува против Шкендија да дебитира и Регуилон.
Инаку Тотенхем сезоната во Премиер лигата ја отворија со домашен проаз од Евертон (0:1), а синоќа со многу мака го минаа Локомотив во Пловдив (2:1) во Лига Европа.