Top Sport

Бејл заминал од „Сантијаго Бернабеу“ додека мечот бил во тек

Герет Бејл, поразот на Реал од Реал Сосиедад (0:2) го гледал од трибините. Тој е надвор од тимот поради повреда, а според клубот ќе отсуствува две недели. Велшанецот кого го нарекуваат и „стаклениот човек“, поради честите повреди, иако не играше го навлече гневот на навивачите.

Бејл е најскапото засилување во историјата на Реал, а статистичарите пресметале дека од доаѓањето на „Сантијаго Бернабеу“ пропуштил 65 натпревари, односно бил повреден 27 пати.

Она што ги разлути навивачите на Реал, а веројатно и клупските челници е фактот што тој не останал да го гледа до крајот дуелот на неговиот тим со Реал Сосиедад. Бејл заминал од стадионот во 78.миниута, кога резултатот бил 0:1.

Камерите од обезбедувањето го снимиле Бејл како заминува од „Сантијаго Бернабеу“ со својот автомобил.

Scroll to Top