Top Sport

Бекам го носи Агуеро во Мајами

Дејвид Бекам има план да ги донесе Серхио Агуеро и Давид Силва од Манчестер сити во неговиот нов МЛС тим, Интер Мајами, правејќи го клубот од старт еден од фаворитите за американската титула.

31-годишниот Агуеро минатата недела го помина рекордот на Тјери Анри како најдобар странски стрелец во Премиер лигата, и има договор со тимот на Пеп Гвардиола до 2021 година. Шпекулациите велеа дека тој би бил подготвен да го продолжи договорот со Сити, но „Сан“ тврди дека не би имал ништо против трансфер во Мајами, посебно поради семејни прични. Неговиот син Бенјамин живее во татковината Аргентина и со трансфер тој би бил поблиску до него.

Агуеро неколку пати изјавуваше дека не е блиску до пензија, покажувајќи интерес да се пензионира во својот матичен клуб, Индепендиенте. Според изворите на „Сан“, тој сам ќе одлучи кога ќе замине.

„Додека постигнува голови и игра редовно, тој не планира да се збогува од Манчестер. Веќе е легенда на клубот и прерано е да замине“, вели изворот на „Сан“.

Scroll to Top