Интер Мајами е една од трите јасни опции за Лионел Меси, покрај Ал-Хилал во Саудиска Арабија и, секако, враќањето во Барселона, и МЛС тимот во сопственост на Дејвид Бекам можеби направи потег кој може да го убеди да се пресели во САД.
Бекам реши да го отпушти својот поранешен соиграч и добар пријател, Фил Невил по слабите резултати, и сега е заинтересиран да го донесе поранешниот тренер на Барселона, Херардо „Тата“ Мартино, кој го предводеше Мексико на СП во Катар.
Мартино добро се познава со својот аргентински сонародник Меси, а иако Интер Мајами не може да му понуди пари како Саудијците (се шпекулира за сума од 50 милиони евра за четири сезони), животот во САД, кој го привлекува подолго време, може да биде одлучувачки во неговиот избор.