Top Sport

Бекам го сака Суарез и Де Роси во Интер Мајами

Дејвид Бекам му дал понуда на Луис Суарез да дојде во неговиот нов МЛС тим, Интер Мајами, за фудбалерот на Барселона да биде лидер на новиот проект.

Според, „Каталуња радио“, Суарез добил богата четиригодишна понуда со висока плата, но Уругваецот засега не му одговорил на Бекам. Интер Мајами уште не може да склучува официјални договори, но амбициите на Бекам се големи, откако тој претходно најави дека му е потребна голема ѕвезда како Кристијано Роналдо и Лео Меси.

„Секој има листа со желби, но верувам дека постои можност да дојдат фудбалери како Лео и Кристијано во доцниот дел од нивната кариера. Во фудбалот сè е можно“, изјави Бекам неодамно.

Покрај Суарез, според „ТНТ спортс“, Бекам му дал понуда и на поранешниот капитен на Рома, 35-годишниот Даниеле де Роси, кој по 18 сезони заминува од својот омилен клуб.

Scroll to Top