Top Sport

Бекам го убедува стариот пријател Рамос да дојде во Мајами

Дејвид Бекам го убедува својот поранешен соиграч Серхио Рамос да потпише за неговиот американски МЛС тим, Интер Мајами следното лето, тврди „Мундо депортиво“.

Договорот на капитенот на „кралевите“, Рамос завршува на крајот на сезоната и многу клубови се заинтересирани за ветеранот, вклучувајќи го и Интер Мајами. Бекам помина две сезони како соиграч со Рамос во Реал Мадрид, пред во 2007 година да замине во Лос Анџелес галакси.

Бекам веќе успеа да ги убеди поранешните фудбалери на Јувентус, Гонзало Игуаин и Блез Матуиди да дојдат во јужна Флорида, но резултатите во првата сезона не се ветувачки.

34-годишниот Рамос, кој е во Реал од 2005 година, останува клучен фудбалер на Зинедин Зидан и тој неодамна изјави дека клубот треба да го заддржи капитенот.

„Тој е наш капитен, наш лидер. Сакаме да остане тука засекогаш. Сигурен сум дека ќе остане со нас и ќе влезе во историјата“, изјави Зидан.

Scroll to Top