Сестрата на Дејвид Бекам, Лин, продава „дребулии“ преку Интернет, неколку дена откако нејзиниот брат потроши 33.000 фунти на новогодишна забава за остатокот на семејството.
43-годишниот Бекам ја помина Новата Година со својата помлада сестра Џоан и со неговата мајка Сандра, додека 46-годишната Лин не беше поканета. Според британските таблоиди, таа продава различни „дребулии“ за ниски цени (до 2 фунти).
Односите на Бекам со неговата постара сестра не биле секогаш толку лоши. Додека работеше како рецепционерка во Есекс, тој и помагаше, но нивните односи се нарушија во 1999 година, кога таа се омажи за Колин Евери. Дејвид беше присутен на свадбата, но не и неговата сопруга Викторија. Лин се разведе од сопругот во 2010 година, и живееше на социјална помош од 164 фунти неделно.