Top Sport

Бекам: Солксјер е вистинскиот човек за Јунајтед

Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Дејвид Бекам застана зад својот поранешен соиграч Оле Гунар Солксјер и верува дека Норвежанецот може да донесе успеси за „ѓаволите“.

Солксјер и Бекам беа соиграчи во еден од најуспешните периоди во историјата на клуот од „Олд Трафорд“ и двајцата беа ѕвезди при драматичната 2:1 победа над Баерн Минхен во финалето на Лигата на шампиони во 1999 година и двајцата освоија пет титули од Премиер лигата под Сер Алекс Фергусон.

„Оле навистина порасна. Тој добива почит од фудбалерите бидејќи е шампион. Тој играше на најголемата сцена и победи и беше успешен. Како менаџер е навистина зрел и тоа на начин кој го почитуваат младите и старите. Поддршката од шефот (Алекс Фергусон) исто така му помогна им у даде самодоверба. Тој го познава клубот, го разбира Манчестер јунајтед. Тоа не прави сите негови поранешни соиграчи многу горди. Ова е возбудливо време за Јунајтед“, вели Бекам.

Scroll to Top