Интер Мајами – новиот фудбалски проект на Дејвид Бекам во натпреварите во американската МЛС лига ќе почне во март идната година, а веќе договори доаѓање на двајца играчи, а многу е блиску до ангажман на познат тренер, пишува „ББС“.
„Се обидуваме да доведеме некој што ќе може да се обврзе на долг ангажман и ќе остави печат на нашата екипа. Добро е познат, веќе работеше на највисоко ниво и играше на највисоко ниво“ – изјави Хорге Мас, еден од четворицата сосопственици на клубот, меѓу кои е и Бекам.
Истакна и дека првиот тренер на Интер Мајами ќе се вклопи во желбите за напаѓачки фудбал.
Клубот досега потпиша договори со 19-годишниот Аргентинец Жулијан Каранзо од Банфилд и со Матијас Пелегрини од Естудијантес.
Со клубот од Мајами досега се поврзуваа имињата ма Гари Кејхил и Еквадорецот Антонио Валенсија.