Манчестер јунајтед сподели фантастична фотографија на генерацијата од 1992 година, Дејвид Бекам со Ники Бат, Гери Невил и Пол Сколс, по што Бекам, инаку човек кој стана модна икона во својата долга кариера, посочи дека тие наликуваат на „најдобриот бој-бенд во историјата“.
Оваа „четворка“ на „ѓаволите“ беше дел од славната генерација предводена од Сер Алекс Фергусон, и Бекам, и покрај неговото заминување во Реал Мадрид во 2003 година, очигледно има само убави спомени од времето на „Олд Трафорд“.
„Најдобриот бој-бенд во историјата. Мислам дека ги носам фармерките од мојот татко“, напиша 44-годишниот Бекам.