Top Sport

Бекам: Знам дека Ферги не ме удри намерно со копачката

Дејвид Бекам се сретна повторно со својот поранешен менаџер Сер Алекс Фергусон на добротворна вечера во Манчестер, и ја искористи можноста повторно да зборува за еден од легендарните моменти во неговата кариера – моментот кога шкотскиот тренер го погоди со копачка во глава.

Бекам во 2003 година замина од „Олд Трафорд“ за Реал Мадрид, нешто што воопшто не му се допаѓаше на Сер Алекс Фергусон, кој во неговата автобиографија изјави дека Бекам не може да се смета за легенда на Јунајтед.

По поразот во ФА купот во февруари 2003 година, Фергусон беше екстремно лут на својот тим и посебно со Бекам.  Во автобиографијата тој го признава тоа искрено.

„Во последната сезона со нас, бевме свесни дека начинот на работа на Дејвид беше во надолна линија и знаевме дека сака да оди во Реал Мадрид. Мене најмногу ме лутеше падот на неговата форма. Во тој момент тој беше на четири метри од мене, а меѓу нас имаше низа копачки. Дејвид опцу, јас тргнав накај него и шутнав една копачка, која го погоди над окото. Секако, тој стана да тргне накај мене пред играчите да го сопрат. ’Седи! Го разочара тимот. Можеш да се расправаш колку сакаш’. Секако следниот ден, тоа беше во сите весници. Тогаш му кажав на бордот на клубот дека Дејвид мора да оди“, стои во автобиографијата на Фергусон.

Бекам, сега, 14 години по инцидентот признава дека Ферги имал „краток фитиљ“.

„Имавме најразлични моменти во тие 13 години. Шефот знаеше да влегува на терен да ни покаже како да играме. Но, кога ќе потфрлевме, беше бесен. Се сеќавам на неколку лоши реакции против Арсенал, по што тој дојде во соблекувалната и тргна кон мене. Шутна дел од опремата и одеднаш копачката ме удри во главата. Знам дека не беше намерно. Но, тогаш сфатив дека и тој има навистина добар шут. Почна да тече крв, но сè решивме бргу“, вели Бекам.

 

Scroll to Top