Top Sport

Бекенбауер: Дочекавме светот да се смее на Германија

Легендата на германскиот фудбал, популарниот „Кајзер“ Франц Бекенбауер имаше што да каже по шокантниот 6:0 пораз на гости кај Шпанија, но на крајот застана во одбрана на селекторот Јоаким Лев, посочувајќи дека тој треба да остане на клупата.

„Од Германија не видовме ништо. Целосен неуспех. Нешто што ретко се случува, но сега дочекавме светот да се смее на Германија. За среќа, има малку такви пропусти со репрезентацијата“, вели Бекенбауер.

Тој, сепак, смета дека е грешка што во репрезентацијата нема место за еден Томас Милер.

„Томас Милер би го средил овој тим. Како Баерн во тешките делови од мечевите. Има проблем со лидерството на теренот. Не видов такво нешто ни напрад, ни назад“, додава Бекенбауер.

Scroll to Top