Заминувањето на Ријад Марез во Саудиска Арабија го натера Пеп Гвардиола да се активира на трансфер пазарот. Менаџерот на Манчетсер сити, бара фудбалер кој ќе ја попoлни позицијата на Марез на десното крило.
Проблемот на десната крилна позиција е уште поголем поради заминувањето на Илкај Гундоган, бидејќи сега Бернардо Силва ќе мора повеќе да игра во средината од теренот.
Прв пик на Гвардиола е 21. годишниот Белгиец, Жереми Доку. Проблем за реализација на овој трансфер можа да биде отштетат што ја бара Рен за својот играч. Доку може да замине, но не за помалку од 50.000.000 евра.
Доколку не успее со Доку, Гвардиола ќе се обиде со фудбалерот на Кристал Палас, Мајкл Олисе. Неговата цена е речиси иста како онаа на Доку. Проблем може да претставува што сериозен играч за овој фудбалер покажува и Челси.
Да потсетиме, освен десното крило, Пеп сака уште еден дефанзивец, а изборот и понатаму е Јошко Гвардиол, но Лајпциг не се откажува од зацртаната цифра од 100.000.000 евра.