Top Sport

Белгија во проблеми пред мечот со Исланд

Репрезентативците на Белгија ќе мора да бидат тестирани на Ковид-19 пред мечот со Исланд откако Брендон Мехеле бил позитивен на коронавирусот.

Мехеле е заразен со вирусот и репрезентацијата ја напуштил пред мечот со Исланд во Лигата на нации. Белгија вечерва ќе го пречека Исланд.

„Сите фудбалери повторно ќе бидат тестирани“, соопштија од Фудбалскиот сојуз на Белгија.

Инаку, Мехеле не играше во неделата против Данска во Копенхаген, овој меч Белгија го доби со 2:0.

Scroll to Top