Top Sport

Белгиски бизнисмен го купи Андерлехт

Белгискиот бизнисмен Марк Кук се согласил да го купи фудбалскиот клуб Андрелехт, соопшто клубот од Брисел. Андерлехт е основан во 1908 година и е еден од најпознатите белгиски клубови. Сопственик на клубот е група на инвеститори предводени од Ванден Шток.

„Управниот одбор ги разгледа сите понуди кои пристигнаа и едногласно реши да преговара само со господинот Марк Кук“, се наведува во клупското соопштение.

Претседателот на Андерлехт Рожер Ванден Шток рекол дека е задоволен од одлуката на Управниот одбот клубот да му биде продаден на Кук, заедно со акционерите кои ќе останат.

Сумата за која клубот ќе биде продаден не е објавена, а блегиските медиуми посочуваат дека се работи за сума од 100 милиони евра.

Марк Кук е основач на фармацевстката команија „Омега Фарма“, која кон крајот на 2014 година ја продаде на една американска компанија за сума од 3,6 милијарди долари.

Тој исто така е сопственик и на фудбалскиот клуб Остенде, бил финансиер на фудбалскиот клуб Лил и велосипедскиот тим Квик Степ.

Scroll to Top