Поранешниот фудбалер од средниот ред на Челси и Селтик, Чарли Мусонд „мистериозно“ исчезнал, а неговиот нов клуб, белгискиот Цулте Варегем признава дека нема поим каде е тој.
Цулте потпишаа договор со Мусонда, откако 25-годишниот Белгиец минатиот месец беше отпуштен по Челси по 10-годишна соработка. Поранешниот голем талент на белгискиот фудбал, претходно имаше неуспешни позајмици во Реал Бетис, Селтик и Витесе пред, конечно, да замине од „Стемфорд Бриџ“.
„Не знам кога ќе се врати на тренинзи. Дали воопшто ќе се врати? Исто така немам поим. Не знам дали можеме да се откажеме од договорот, бидејќи го нема веќе неколку недели и немаме контакт со него. Ние ќе продолжиме да се подготвуваме за новата сезона со тие кои се тука“, вели директорот на клубот, Еди Кордие.