По поразот од Пари Сен-Жермен од 3:0 во првиот меч од Лигата на шампионите, навивачите на Реал Мадрид се надеваа дека дуелот со белгискиот шампион Клуб Бриж ќе биде шанса да се залечат раните, но ако се смета според првите 45 минути, „кралскиот клуб“ е пред нова криза.
И покрај тоа што ја имаат топката во нозете, Реал има негатива од 0:2 по првото полувреме за многу главоболки за Зинедин Зидан.
„Мачителот“ на Реал се вика Емануел Денис , и напаѓачот од Нигерија прво во деветтата минута успеа да избегне офсајд стапица за да го совлада Тибо Куртоа, а откако Реал притисокот не успеаја да го претворат во гол, во 39. минута Денис успеа да украде една топка од Лука Модриќ и додека се „сопнуваше“ го лобуваше Куртоа за 0:2.