Белгиските клубови го одложија гласањето за потврдата на прекинувањето на остатокот од сезоната до следната недела, оставајќи можност лигата да продолжи и покрај тоа што тие беа први кои прогласија крај на 2019/20.
24-те клуба од Про Лигата, првите две дивизии во Белгија, требаше да го потврдат превремениот крај на сезоната поради корона вирусот, но сега гласањето ќе се оддржи следниот понеделник, на 4 мај, бидејќи белгискиот спорт очекува појаснување на попуштањето на мерките од страна на владата.
Белгија уште на почетокот на месецот одлучи дека нема шанси да се продолжи сезоната и го прогласи Клуб Бриж за шампион, но потоа дојде предупредувањето од УЕФА дека треба да се направат сите обиди за комплетирање на националните првенства.