Top Sport

Белградски шок за Ливерпул! Павков ги гази „Црвените“ на „Маракана“ (видео)

Црвена звезда е на едно полувреме пред својата најголема европска победа по славното лето во Бари во 1991 година, откако на „Рајко Митиќ“ има неверојатна предност од 2:0 по првите 45 минути од дуелот од Лигата на шампионите против моќниот Ливерпул.

Човек на одлука беше 24-годишниот напаѓач Милан Павков, кој за само седум минути му даде два гола на вториот најскап голман на сите времиња, Алисон.

Во 22. минута од мечот, Павков беше највисок во скокот по корнерот на Марин за 1:0, а во 29. минута од огромна далечина истиот фудбалер да постигне фантастичен гол.


Scroll to Top