Top Sport

Белингем по поразот од Баерн: Што очекувате од судија кој претходно местел мечеви

По поразот од 3:2 во „Дер класикер“ од Баерн Минхен, англиската ѕвезда на Борусија Дортмунд, Џуд Белингем влезе во неверојатен напад на судијата Феликс Цваер, велејќи дека не можете да очекувате фер-судење од судија кој претходно бил вклучне во местење мечеви.

Фудбалерите на Борусија беа лути на судијата за повеќе одлуки во дербито, посебно за пеналот кој беше досуден за играњето со рака на Матс Хумелс при 2:2, кој потоа се покажа како клучен, откако Роберт Левандовски го реализираше пеналот.

„За мене тоа не беше пенал, знаете. Хумелс дури не ја гледа топката додека се бори за неа. Но, погледнете ги сите одлуки во мечот. На најголемиот меч во Германија му давате шанса на судија кој веќе бил вклучен ов местење мечеви, што очекувате?“, изјави Белингем.

Цваер доби суспензија од шест месеци по скандалот во германскиот фудбал во 2005, кога добил 300 евра од друг судија, Роберт Хојцер.

И Ерлинг Халанд удри по судијата по мечот.

„Судијата беше скандалозен. Не ни досудија чист пенал, и јас го прашав, и тој ми кажа дека нема потреба. Беше многу арогантен и не сакам да зборувам повеќе за него“, изјави Халанд.

Scroll to Top