Top Sport

Белингем слободен да си замине следното лето

Англискиот фудбалски талент, Џуд Белингем може да си замине од Борусија Дортмунд во текот на летото ако го посакува тоа, потврди извршниот директор на германскиот клуб, Ханс-Јоаким Вацке.

Според „ЕСПН“, Ливерпул ја преводат трката за потписот на Белингем, иако Челси, Манчестер јунајтед и Манчестер сити во Англија, како и Реал Мадрид во Шпанија, го следат случајот на 19-годишникот, кој оваа сезона не само што блеска за Дортмунд, туку на моменти ја носеше и капитенската лента. Се верува дека Ддортмунд би бараеле над 100 милиони евра за него, и Вацке признава дека клубот не може да се „бори“ со најголемите европски клубови според платата која може да си ја дозволи.

„Ќе разговараме по крајот на СП за тоа што тој би сакал да направи. Треба да ни каже дали сака да остане или да си оди. Во двата случаи, разговорот ќе биде пријатен и разумен. Не можеме да се однесуваме дека нема ваква тема, иако би сакале да остане со нас. Ако каже дека сака да направи нешто поинаку, навистина големите европски клубови ќе бидат таму и со нив не можеме да се бориме финансиски“, вели Вацке.

Белингем ја почна кариерата во Бирмингем сити, пред во 2020 на 17 години да ја одбие понудата на Манчестер јунајтед и да замине во Германија.

Scroll to Top