Top Sport

Белјерин ги „спаси“ Арсенал во драматично лондонско дерби (видео)

Ектор Белјерин спаси поен за Арсенал во возбудливата пресметка со Челси на „Емирати“, во меч во кој имаше речиси сè – драматични промашувања, „танц“ на топката на гол-линијата, контроверзен пенал и на крајот четири гола.

Лондонското дерби беше без голови во првите 45 минути, одбележани со катастрофалното промашување на Мората и „танцот“ по гол линијата, откако Алексис Санчез упати фантастичен удар кој ги погоди двата диреци, но не заврши во голот.

Во второто полувреме, Џек Вилшир во 63. минута постигна прекрасен гол за да донесе водство за „топчиите“, но само четири минути подоцна Еден Азар израмни од пенал по еден незгоден старт на Белјерин. Челси беа блиску до целосен пресврт кога Маркос Алонсо во 84. минута донесе водство од 1:2, меѓутоа во 92. минута Белјерин со одличен гол израмни на 2:2. Веќе во следниот напад Дени Дринквотер ја погоди пречката за вистинска драма на „Емирати“.

Челси не успеа да се врати на второто место на табелата во Премиер лигата, и остана на третото место со 47 поени, еден помалку од второпласираните Манчестер јунајтед. Арсенал се на шестото место со 39 поени.

Scroll to Top